Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Карпош доделува стипендии за талентирани ученици и за основци спортисти

Карпош доделува стипендии за талентирани ученици и за основци спортисти
300x250 opst2

Во согласност со програмата на Одделението за образование при локалната самоуправа, Општина Карпош и годинава обезбеди финансиски средства за доделување осуммесечни стипендии за талентирани ученици, кои учат во основните училишта на територијата на општината за учебната 2023/2024 година. Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000 денари месечно за прва категорија, односно 2.500 денари месечно за втора категорија, известуваат од Општината.

dobivaj vesti na viber

Од Општина Карпош исто така известуваат дека од денеска локалната самоуправа распиша јавен оглас за доделување осуммесечни стипендии за талентирани ученици – спортисти за учебната 2023/2024 година, кои воедно се и жители на Карпош и кои учат во VIII и IX одделение во основните училишта на територија на општината. Стипендистите ќе бидат рангирани во две категории, од каде што ќе зависи и висината на стипендијата што ќе ја добиваат.

Имено, за освоени три и повеќе бода висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно, а за освоени до 2,50 бода висината на стипендијата изнесува 2.500 денари месечно, додаваат од Општината.

Можете да прочитате

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем

Од почетокот на месец октомври 2.267 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 22 лица за безобзирно управување на возило