Утрински Весник
Македонија

Тројца скопјани искасани од кучиња

Тројца скопјани искасани од кучиња

Вчера вечер во 19.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, 39-годишниот А.К. од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син на трим патека во населба „11 Октомври“ бил каснат од куче скитник, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 50-годишната А.З. од Скопје пријавила дека на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ била касната од куче скитник.

Во 01.00 часот по полноќ во Полициската станица Аеродром, 28-годишниот К.Ц. од Скопје пријавил дека на булеварот „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник, додаваат од МВР.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“