Утрински Весник
Македонија

Времето денеска претпладне сончево, попладне локален пороен дожд

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе изнесува 7.

И во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во недела, пак, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.

Можете да прочитате

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, соодветните служби работат, во координација сме со МВР

Голем пожар во кичевско, на терен три хеликоптери

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери