Утрински Весник
Свет

„Јас сум злобна личност, јас го направив ова“ – морничави белешки најдени кај медицинската сестра која уби седум бебиња

„Јас сум злобна личност, јас го направив ова“ – морничави белешки најдени кај медицинската сестра која уби седум бебиња

Британската медицинска сестра Луси Летби во петокот беше прогласена за виновна за убиство на седум новороденчиња и обид за убиство на уште шест во неонаталното одделение во болница во северозападна Англија.

dobivaj vesti na viber

Луси Летби (33) беше осудена за убиство на пет момчиња и две девојчиња и напад на други бебиња во болницата додека работела во ноќни смени во 2015 и 2016 година.

Судот в понеделник ќе ја изрече казната, веројатно повеќегодишна затворска казна, а можеби и доживотна.

Некои жртви ги отрула со инјектирање инсулин, а на други им вбризгувала воздух или насилно ги хранела со млеко.

„Ги убив намерно затоа што не сум доволно добра за да се грижам за нив“, пишува во рачно напишаната белешка што ја пронашле полицајците кога го пребарале нејзиниот дом.

„Јас сум ужасно злобна личност. Злобна сум, јас го направив тоа“, напишала таа.

На друга белешка пишувало: „Никогаш нема да имам деца или да се омажам. Никогаш нема да знам како е да се има семејство“.

Летби им кажа на поротниците дека белешките ги напишала откако била суспендирана од работа во исчекување на истрага за необичните смртни случаи – и дека исто така содржеле многу молби за невиност.

На Луси Летби и било доверено да заштити некои од најранливите бебиња. Тие што работеле со неа не знаеле дека меѓу нив има убиец, изјави Паскал Џонс, висок обвинител.

„Таа даде се од себе за да ги прикрие своите злосторства, менувајќи го начинот на кој ги повредуваше бебињата“, додаде Џонс.

Судењето траеше 10 месеци, пришто можните мотиви за злосторствата беа обелоденети.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата