Утрински Весник
Македонија

Се судрија „голф“ и „туран“ кај Неготинска клучка, тешко повредена жена

Три автомобили се судрија кај Делчево, повредени неколку лица

Вчера попладне во 17 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека во близина на Неготинска клучка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички моторни возила „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот А.Џ. од гостиварски Добридол и „фолксваген туран“ со гостиварски ознаки што го управувал 27-годишниот С.Ј. од гостиварска Топлица, извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

– Во несреќата, сопатничката од возилото „голф“, Х.Џ.(61) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, велат од СВР Тетово.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати

Лабовиќ: Постојат дилеми кај нашата правна елита, аналитичарите и експертите во смисла дека нема систем

Ивановска: По Кочани, ништо не се смени за една година системот остана ист