Утрински Весник
Магазин

Сем Асгари се огласи за разводот од Бритни

Сем Асгари се огласи за разводот од Бритни

Сем Асгари одлучи да го прекине молкот во врска со наводниот крај на бракот со Бритни Спирс.

dobivaj vesti na viber

Тој се огласи на социјалните мрежи и потврди дека тој и Бритни се разведуваат по само 14 месеци брак.

„По шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга одлучивме да го завршиме нашето патување заедно. Ќе се задржиме на љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и, ѝ посакувам сè најдобро. Сра*а се случуваат,“ напиша Сем.

„Звучи лудо да барам приватност, сепак ќе ги замолам сите, вклучително и медиумите, да бидат љубезни и внимателни,“ додаде тој на крајот.

Странските медиуми пишуваат дека неделава Сем поднел барање за развод во Врховниот суд во Лос Анџелес, наведувајќи непомирливи разлики како причина. Во барањето е наведено дека тие не живеат заедно од 28 јули.

„ТМЗ“ неодамна објави дека Сем се соочил со Бритни во врска со гласините за нејзиното неверство. Не се знае дали гласините се точни, но Сем им поверувал и имале жестока расправија по што тој се иселил од нивната куќа.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста