Утрински Весник
Спорт

Грчката влада ги укина навивачките групи

Грчката влада ги укина навивачките групи

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин учествуваше на состанокот на грчката влада и првите луѓе на „големата четворка“ на грчкиот фудбал (Олимпијакос, Панатинаикос, АЕК, ПАОК). Главна тема беше спречувањето на хулиганството
Смртта на Михалис Кацурис, кој загина во немирите во кои учествуваа навивачи на Динамо Загреб и Панатинаикос, ја крена Грција на нозе.

dobivaj vesti na viber

Тамошните жители се нафрлија на државата, неспособната полиција и навивачите на Динамо. Некој мора да плати. Речиси е сигурно е дека тоа ќе бидат Хрватите. Сите 105 уапсени завршија во затворите низ Грција, а нивната судбина се уште не е позната.

На состанокот беа усвоени четири мерки кои веднаш стапуваат во сила – укинување на навивачките групи, целосно покривање на стадионот со видео надзор, построга контрола на делот од трибините каде што се наоѓаат најжестоките навивачи, додека четвртата се однесува на создавање на опсерваторија за насилство со учество на други земји со цел УЕФА да може навреме да предупреди за настани од висок ризик.

„Хулиганството е зло што ги труе општествата, а видовме и односите меѓу државите. Станува збор за криминални групи кои договараат тепачки под закрила на фудбалот“, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

„Навивачките клубови се затвораат. Секој клуб ќе има само еден фан клуб, кој ќе биде во седиштето на спортскиот клуб“.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига