Утрински Весник
Спорт

Саудиска Арабија бара едно место во ЛШ на УЕФА

Саудиска Арабија бара едно место во ЛШ на УЕФА

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија активно преговара со УЕФА за да им дозволи на тимовите од земјата да учествуваат во Лигата на шампионите почнувајќи од 2025 година, пишува „Калчо е финансија“.

dobivaj vesti na viber

Според нивните сознанија, идејата на арапската федерација е да им дозволи на екипите од Саудиска Арабија да учествуваат во „вајлд-картата“, каде тимовите ќе можат да добијат право за настап во новиот формат на Лигата на шампионите, кој ќе биде целосно изменет од 2025 година.

Бројот на екипи во најсилното европско клупско натпреварување ќе се зголеми на 36.

Планот на Саудијците е едно од дополнителните места да му припадне на шампионот на Саудиска Арабија. Ова ќе им даде уште поголема меѓународна афирмација на клубовите како Ал-Итихад, Ал-Ахли, Ал-Наср и Ал-Хилал, како и можност рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите клубови од „Стариот континент“.

Но, оваа идеја не е нималку лесна за имплементација, бидејќи не само УЕФА, туку и Азиската конфедерација ќе треба да се вклучи во процесот, а меѓу другото ќе треба да им се одземе европските клубови.

Така, и покрај масовната преселба на светските ѕвезди летово во Саудиска Арабија, многу од нив би можеле да се вратат на европските стадиони. За арапскиот фудбал тоа би бил уште еден голем чекор кон целосна афирмација на светската сцена.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига