Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кејн сруши рекорд, Баерн никогаш не продал толку дресови во еден ден

Кејн сруши рекорд, Баерн никогаш не продал толку дресови во еден ден
300x250 opst2

Хари Кејн, најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и на Англија, по големата драма во ноќта од петокот кон саботата, потпиша за Баерн на задоволство на публиката собрана пред седиштето на германскиот гигант. Тотенхем ќе добие 100 милиони евра фиксно обештетување, додека уште 10 милиони ќе можат да добијат доколку се исполнат условите за активирање на бонусот. Кејн ќе заработува 25 милиони евра годишно во бруто во Баерн, вклучувајќи ги и бонусите.

dobivaj vesti na viber

Капитенот на Англија со тоа стана најскапиот „шопинг“ во историјата на Баерн и Бундеслигата. Но, се чини дека инвестицијата ќе биде брзо вратена.

„Билд“ објави дека пред крајот на вчерашниот ден, првиот цел ден на Кејн како играч на Баерн, го соборил рекордот на еден од најголемите клубови.

Баерн, всушност, никогаш не заработил толку многу во еден ден на предмети со име на еден играч. Во фан шоповите и на интернет до пред крајот на неделата продаде „многу повеќе“ од 10.000 дресови со името и бројот на одличниот стрелец. Оригиналните дресови на Кејн чинат од 75 евра (детски) до 138 евра. Ако ја поставиме средната, просечна цена на 100 евра, тогаш јасно е дека само вчера Баерн продаде дресови на Кејн за повеќе од милион евра.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица