Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се искачи на 93 лица, а сега се појави ново видео на кое се гледа како група граѓани се бори со океанските бранови, кога скокнале во водата за да се спасат од пламените јазици.
Шумските пожари на островот Мауи станаа најсмртоносните во модерната историја на САД, додека властите продолжуваат да работат на идентификување на жртвите.
Исто така, се појавија нови снимки од луѓе кои скокаат во Тихиот Океан во обид да избегаат од пламенот додека пожарите го зафатија островот минатата недела.
Жителката изјави за Фокс 11 дека оние што биле во водата морале да чекаат осум часа за да бидат спасени.
Хајаши рече: „Изгледаше како огромен факел, моравме да трчаме во океанот. Веројатно бевме водата околу осум часа. Пламените јазици голтаа“.
И покрај тоа што спасувачите извлекоа некои локални жители на безбедно, за жал, не сите што скокнаа за да избегаат од пламените јазици излегоа живи.