Утрински Весник
Македонија

Шест случаи на семејно насилство за еден викенд

Семејното насилство во пораст, три интервенции на МВР за еден ден

Вчера вечерта во 20.00 часот во скопско полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.З.(55), поради тоа што во домот физички го нападнал неговиот малолетен син.

dobivaj vesti na viber

Истиот ден, попладнето во 17.40 часот од полициски службеници од Полициското одделение Галате бил лишен од слобода Р.М.(37), поради тоа што во домот физички ги нападнал неговите мајка и  сестра.

Речиси во исто време, во 17.56 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К.(32).

Ноќта во саботата во 22.20 часот од полициски службеници од Полициското одделение Ростуше бил лишен од слобода Б.Ј.(28), поради тоа што во домот физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга.

А во 14.00 часот вчера, во Полициската станица Радовиш, Б.О.(47) пријавила дека била физички нападната со тврд предмет од Б.Д..

И 39-годишна жена пријавила дека вчера околу 10.00 часот во Штип била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј., кој употребил и тврд предмет.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите на семејно насилство.

Можете да прочитате

„Купи ми стан и кола или ќе те убијам“ – пријава од жена во Тетово

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите

„Беше среќна и насмеана“ – наставничката за последниот училишен ден на малата Катја