Утрински Весник
Спорт

За смртта на навивачот во Грција обвинети уште 40 „Бед Блу Бојс“

За смртта на навивачот во Грција обвинети уште 40 „Бед Блу Бојс“

Грчкото правосудство покрена обвинение против уште 40 навивачи на Динамо Загреб откако навивач на АЕК беше избоден со нож во Атина, со што бројот на обвинетите се искачи на 70, соопшти судски извор.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од стотина хулигани беа уапсени во понеделникот вечерта по масовната тепачка меѓу приврзаниците на двата клуба, пред натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Во тепачката загина грчкиот навивач на АЕК, Михалис Кацурис (29). Тој починал од крварење откако се здобил со убодни рани на левата рака.

Најголем дел од досега обвинетите се Хрвати кои се осомничени дека се членови на навивачката група „Бед блу бојс“ на Динамо Загреб, кои отпатуваа за Грција ден пред прелиминарниот натпревар од Лигата на шампионите.

Сите приведени се товарат за убиство, злосторничко организирање и недозволено поседување оружје.

Грчката влада соопшти дека премиерот Кирјакос Мицотакис телефонски разговарал со претседателот на УЕФА Александар Чеферин, кој во среда треба да пристигне во Атина за да разговара за проблемите „во грчкиот и европскиот фудбал“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина