Утрински Весник
Свет

Узбекистан почна судење за смртта на 65 деца поврзани со сируп за кашлица

Узбекистан почна судење за смртта на 65 деца поврзани со сируп за кашлица

Узбекистан почна судење за смртта на 65 деца што се случи минатата година поврзани со контаминиран сируп за кашлица, откривајќи за прв пат значително поголем број на смртни случаи од претходно пријавените.

dobivaj vesti na viber

Централноазиската земја претходно објави 20 смртни случаи поврзани со лековите, кои се произведени од индиската фармацевтска компанија „Марион Биотек“.

Меѓу 21 обвинет, кои се државјани на Узбекистан, имало и поранешни високи функционери кои биле задолжени за лиценцирање увозни лекови и управители на приватна компанија која ги увезувала и дистрибуирала, се вели во соопштението на Врховниот суд на Узбекистан.

Обвиненијата против нив вклучуваат даночно затајување, продажба на супстандардни или фалсификувани лекови, злоупотреба на службената положба, фалсификување и поткуп.

Индискиот регулатор ја одзеде лиценцата за производство на Марион Биотек, која извезуваше сирупи во Узбекистан и уапси некои нејзини вработени.

Правните застапници на Марион Биотек во декември изјавија дека компанијата жали за смртта на децата.

Можете да прочитате

Дрон се урна во северна Литванија, оштетувајќи автомобил во движење

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг – пробиена заштитната ограда

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата