Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија: При секое доаѓање на косовски политичар оди курбан по една улица од историско значење – од власта молк

Единствена Македонија: При секое доаѓање на косовски политичар оди курбан по една улица од историско значење – од власта молк

Цела Македонија гледа како се воспоставува опасна антимакедонска практика со секое доаѓање на косовски политичар во земјата да оди курбан по една улица, односно, називи на улици да се заменуваат со имиња на лица од Косово, a од власта – молк, велат од партијата „Единствена Македонија“.

dobivaj vesti na viber

„Пред само четири месеци, при посетата на косовската претседателка Вјоса Османи на Македонија, улицата „Славеј Планина“ беше заменета со името на поранешниот косовски претседател Ибрахим Ругова.

Денес, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти повторно е направена замена на назив на улица, односно, улицата „Втора македонска бригада“ од денес ќе го носи името на Адем Демачи.

Притоа, нема никакво издржано објаснување во што се состојат заслугите за Македонија од страна на Ибрахим Ругова и Адем Демачи.

Единствена Македонија ја повикува власта на СДСМ да се вразуми и на шовинистичкиот поход со бришењето на називи на улици со историско значење за Македонија и Македонците да одговори со целосна забрана за ваквата антимакедонска пракса.

Единствена Македонија никогаш нема да ја предаде Македонија. Ќе ги поништиме антимакедонските преименувања на улици. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, се бориме и за Македонија“, велат од партијата.

Можете да прочитате

Драматично бегство од Полициската станица во Кочани – осомничен за дрога избега низ прозорец

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Левица: Додека инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ, Македонците ја губат можноста за сопствен дом