Утрински Весник
Спорт

Даниел Леви и Тотенхем ја прифатиле понудата за Кејн

Даниел Леви и Тотенхем ја прифатиле понудата за Кејн

Како што пренесува порталот „Атлетик“, Баерн и Тотенхем постигнале договор за трансферот на Хари Кејн.

dobivaj vesti na viber

Даниел Леви, претседателот на Тотенхем, ја прифатил понудата од 100 милиони фунти.

Останува само Кејн да се изјасни дали сака да се пресели во Баерн или не.

Тој, наводно, сакал целата работа да се реши пред почетокот на сезоната во Премиер лигата и дуелот со Брентфорд од првото коло.

Кејн е задоволен од соработката со новиот менаџер Ангелос Постекоглу, па прашање е каква ќе биде неговата реакција на ваквиот развој на настаните.

Тој има само уште една сезона од договорот со Спарс. Со оглед на тоа што разговорите за продолжување на договорот не одат во вистинската насока, се појави опцијата Тотенхем да го продаде играчот кој постигна 213 голови во Премиер лигата.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026