Утрински Весник
Свет

Се урна брана во Норвешка: по неколкуднвените поплави, водата изби низ пукнатините

Се урна брана во Норвешка: по неколкуднвените поплави, водата изби низ пукнатините

По неколкудневните големи поплави во Норвешка, денеска делумно се урна браната на хидроцентралата на норвешката река Глома.

dobivaj vesti na viber

Локална телевизија покажа дека водата избива низ пукнатините во структурата на браната, објави „Ројтерс“.

На оваа река има и значителен воден пат, но поради поплавувањето речниот сообраќај е во прекин.

Повеќе од 600 луѓе се евакуирани во регионот северно од главниот град Осло, откако обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето низ планинскиот дел на јужна Норвешка, соопшти претходно денеска норвешката полиција.

Норвешката управа за водни ресурси издаде црвен метеоролошки аларм за поплави и лизгање на земјиштето во областите во јужна Норвешка, а метеоролозите издадоа предупредување на највисоко ниво за екстремно обилни врнежи.

Илјадници луѓе останаа без струја во јужна Норвешка по бурата „Ханс“, придружена со силен дожд која што погоди делови од Скандинавија и Балтикот, што резултираше со излевање на реки и оштетување на патиштата, објави „АП“.

Можете да прочитате

Аеродром и пристаниште во јужен Јордан се евакуирани поради закана, соопшти Американската амбасада во Аман

Ферибот со 116 патници потона крај брегот на Гвајана, досега спасени само осум лица

Најмалку 11 загинати во Газа во израелски напади и покрај примирјето