Утрински Весник
Македонија

По одморите, ќе постапува Судскиот совет: причина е големата разлика во казните за возачот што ја усмрти Магдалена

По одморите, ќе постапува Судскиот совет: причина е големата разлика во казните за возачот што ја усмрти Магдалена

Судскиот совет со внимание го следи случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18-годишната затворска казна на Основниот суд Велес за сообраќајна несреќа со смртни последици е намалена на осум години. Поради големата разлика во изречената казна, Советот најавува дека по годишните одмори, ќе го испита овој случај.

dobivaj vesti na viber

Воедно, Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку изедначување на судската пракса, особено за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Советот потсетува дека во неколку наврати и писмено побарал од Врховниот суд, поради неизедначеност на пресудите, да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса.

Судскиот совет осудува и каква било поделба на судиите по национална припадност и смета дека неодмерените изјави во јавноста предизвикуваат штета врз угледот на судството и државата.

Можете да прочитате

Клековски: И натаму има 250 до 300 нови случаи дневно во Гостивар, анализите на водата готови утре

СДСМ: ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, а сега бара уште 6 години за Охрид

ИЈЗ со важни препораки за граѓаните на Гостивар