Утрински Весник
Македонија

Пристигна лекот за конго-кримската хеморагична треска, единствен на располагање во тешки клинички форми

Пристигна лекот за конго-кримската хеморагична треска, единствен на располагање во тешки клинички форми

Инфективната клиника информира дека вчера пристигнал лекот кој е единствен на располагање во тешки клинички форми на конго-кримската хеморагична треска.

dobivaj vesti na viber

Докторката Добринка Наунова-Јовановска од ЈЗУ УК за инфективни болести вчера објасни дека заразената болничарка е во стабилна состојба.

„Параметрите се следат континуирано да не дојде до некое влошување, ја следиме постојано“, рече Наунова-Јовановска.

Болничарката се зарази од 27-годишната жена од Штипско, која почина на 30 јули по убод од крлеж.

По првиот случај со конго-кримската хеморагична треска, Државниот здравствен и санитарен инспекторат издаде решенија за надзор за 29 контакти. По вториот случај, издадени се решенија за уште 11 контакти.

Можете да прочитате

Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово

Претседателот Филипче го честиташе големиот празник Богојавление – Водици