Утрински Весник
Македонија

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, пензионерите се приоритет на Владата

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, пензионерите се приоритет на Владата

Од МТСП ги демантираат и ги отфрлаат тврдењата дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во криза и државата доцни со исплатите кон банките.

dobivaj vesti na viber

„Изминативе години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на ковид-пандемијата кога почна првата предвремена исплата на пензиите. Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија во сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 % пораст на просечната плата и 50 % пораст на трошоците за живот, пензиите пораснаа речиси 21 %. Првото усогласување во септември 2022 година беше 6,8 %, второто во март 2023 година – 8,4 % и моментната проекција за септември 2023 година – најмалку 6 отсто“, велат оттаму.

Според нив, пензионерите се приоритет на Владата на Република Северна Македонија.

„Во овој владин состав се донесоа низа мерки за помош и поддршка на пензионерите и трендот не сопира. Предлозите од пензионерите се на маса, се дискутира за нив и најбргу што може ќе продолжиме со промоција на нови мерки и пакети, кои ќе осигурат достоинствен живот на пензионерите и понатаму“, посочија од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика апелира да не се креира страв кај пензионерите и да не се манипулира со недостигот на информации што го имаат, а сѐ со цел да се обезбеди масовност на протестите, кои се политички обоени.

Можете да прочитате

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

СДСМ: Што е со 5 тони дрога, што е со 100 тони што се запленети пред камери