Утрински Весник
Спорт

Македонија против три силни селекции во квалификациите за ЕП

Македонија против три силни селекции во квалификациите за ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2025 година ќе се одржи Финска, Кипар, Летонија и Полска.

dobivaj vesti na viber

Македонија е сместена во Х-групата заедно со Литванија, Полска и Естонија. Противниците се исклучително тешки, а патот на континенталниот шампионат дополнително го отежнува правилото дека од групите во кои се домаќините на ЕП (во нашиот случај тоа е Полска), две репрезентации ќе изборат пласман на првенството.

Во групите во кои нема селекција која е ко-домаќин на ЕП, пласман на завршниот турнир ќе изборат три репрезентации.

Квалификациите ќе се одржат во три прозорци: од 19 до 27 февруари 2024 година, од 18 до 26 ноември 2024 година и од 17 до 25 февруари 2025 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина