Утрински Весник
Македонија

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром доби пристапен лифт за децата со попреченост

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром доби пристапен лифт за децата со попреченост

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, добива нов пристапен лифт наменет за учениците со попреченост, со што се финализира уште еден важен циклус на инвестиции со кои ова училиште станува целосно инклузивно, со еднаков пристап за сите ученици, извести општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил напиша дека инвестициите во образовната инфраструктура се реализираат со средства од буџетот на општината и настојуваат почетокот на учебната година да биде одбележан со поквалитетни и современи услови за реализација на наставата.

„Голем дел од учениците во Македонија се соочуваат со пречки во образованието затоа што се различни. Преку инвестициите во унапредување на образовната инфраструктура настојуваме да ги отстраниме сите потешкотии со кои се среќаваат и да создадеме пристапен образовен процес преку кој ќе се исполни потенцијалот на секое дете“, напиша Муцунски.

Во ова основно училиште, во изминатиот период се реализираа низа инвестиции кои го подигнуваат нивото на инклузивност и овозможуваат еднакви услови за сите. Со поставувањето на овој лифт, се заврши инвестицискиот циклус во кој училиштето доби инклузивни тоалети, пристапни рампи, тактилни патеки и знаци, додаваат од општина Аеродром.

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење