Утрински Весник
Спорт

Бразилец го засили Наполи

Бразилец го засили Наполи

Бразилскиот фудбалер Натан е нов играч на Наполи, соопшти денеска актуелниот шампион на Италија.

dobivaj vesti na viber

Натан игра на позицијата стопер, а според италијанските медиуми потпишал петгодишен договор со Наполи, во трансфер вреден 10 милиони евра.

Овој 22. годишен фудбалер на тој начин ќе го замени корејскиот играч Ким Мин јае, кој минатата сезона беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А, а во летниот преоден рок се пресели во Баерн.

Натан кариерата ја започна во Фламенго, а потоа од 2021 година настапуваше за бразилскиот тим Ред Бул Брагантино.

Наполи ќе ја започне одбраната на титулата во Серија А на 19. август на гостувањето кај Фросиноне.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026