Утрински Весник
Македонија

Неколку повредени во тешка сообраќајка во Охрид

Неколку повредени во тешка сообраќајка во Охрид

Вчера во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Д.К. од Охрид и патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот А.Р. од Охрид, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фиат пунто“, Ј.Р.(75) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и уште двајца негови сопатници, Г.Р.(45) и малолетник, двајцата од Охрид, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

Министерот за дигитална трансформација Андоновски ќе учествува на Парискиот сајбер самит

ВЛЕН: Валдет Џафери не бил гостин во Министерството за правда, нека каже зошто правосудниот испит остана заглавен?!