Утрински Весник
Култура

Пијано-дуото „Гелебешеви“ ќе концертира на Охридско лето

Пијано-дуото „Гелебешеви“ ќе концертира на Охридско лето

Музичката програма на фестивалот Охридско лето продолжува вечерва СО настап на пијано дуото „Гелебешеви“.

dobivaj vesti na viber

Целовечерниот концерт ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На репертоарот ќе бидат композиции од Клод Дебиси, Франц Шуберт, Сергеј Рањмањинов и Дмитри Шостакович.

Дуото го сочинуваат двајца истакнати македонски пијанисти, Катерина Костадиновска -Гелебешева и Глигор Гелебешев. Тие поседуваат богати и разновидни уметнички сензибилитети, обединети во успешна хомогена целина – Пијано- дуо „Гелебешеви“ е препознатливо на концертната сцена по уникатниот творечки перформанс, специфичен за изразито талентирани и врвно подготвени уметници што со своите инспиративни интерпретации умеат да го задржат вниманието и на најпребирливата публика.

Во сферата на камерното музицирање, пијано – дуото „Гелебешеви“ од почетокот на своето делување во 2001 година, се наметнува како ансамбл со исклучително високо профилиран квалитет во уметничката изведба, што гради успешна концертна кариера во С. Македонија и на бројни интернационални подиуми ширум светот.

За својата плодна концертна дејност пијано – дуото „Гелебешеви“ е добитник на највисокото признание на Сојузот на музичките уметници на Македонија, наградата „Златна лира“ во 2012 година. Имаат и соработка со повеќе медиумски куќи во Македонија и во странство и две ЦД изданија.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“