Утрински Весник
Свет

Јапонија ќе започне со испуштање вода од нуклеарната централа Фукушима

Јапонија ќе започне со испуштање вода од нуклеарната централа Фукушима

Јапонија планира да започне со испуштање на прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима уништена од цунамито, веќе на крајот на август, објави денеска јапонскиот дневен весник Асахи Шимбун, цитирајќи неименувани владини извори.

dobivaj vesti na viber

Објавата најверојатно ќе дојде набргу откако премиерот Фумио Кишида ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол во Соединетите држави следната недела за да ја објаснат безбедноста на водата, пренесе Ројтерс.

Јапонскиот нуклеарен регулатор минатиот месец му даде зелено светло на операторот на централата „Токио Електрик Пауер“ да започне со испуштање вода – за која Јапонија и Меѓународната агенција за атомска енергија велат дека е безбедна, но блиските земји стравуваат дека може да ја загади храната.

Риболовот би требало да започне во септември кај Фукушима, североисточно од Токио, а владата има намера да започне со испуштање вода пред да започне сезоната на риболов, пишува весникот.

Можете да прочитате

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници