Утрински Весник
Спорт

(Видео) Роналдо погоди, Ал Наср ја победи Раџа Казабланка

(Видео) Роналдо погоди, Ал Наср ја победи Раџа Казабланка

Фудбалерите на Ал Наср се пласираа во полуфиналето на Купот на арапските шампиони, откако во четврт-финалето славеа со 3:1 против мароканскиот тим, Раџа Казабланка.

dobivaj vesti na viber

Ал Наср поведе во 19. минута со голот на Кристијано Роналдо, десет минути подоцна Султан Ал Ганам погоди за 2:0, а Секо Фофана во 38. минута зголеми на 3:0. Во 41. минута мароканскиот тим намали по автоголот на Абдула Маду. Во вториот дел немаше голови.

Голот против Раџа Казабланка е 16. во 22. натпревар за Роналдо. Ал Наср во полуфиналето на 9.август ќе игра против ирачкиот клуб Ал Шорт.

Во второто полуфинале ќе играат Ал Хилал и победникот од мечот Ал Шабаб – Ал Вахда. Во Купот на арапските шампиони преку квалификациите и главниот турнир учествуваа 37 клубови, а наградниот фонд е 10 милиони долари.

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција