Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бугарин уапсен во Кавала, од пристаништето го симнал грчкото и го закачил бугарското знаме

Бугарин уапсен во Кавала, од пристаништето го симнал грчкото и го закачил бугарското знаме
300x250 opst2

Во градот Кавала во Грција бил уапсен 35-годишен странски државјанин кој на јужната страна од пристаништето, го симнал грчкото знаме од јарболот, го фрлил и подигнал знаме на друга држава, соопштија од Крајбрежната служба на Грција. Според грчките медиуми станува збор за Бугарин, кој грчкото, го заменил со бугарско знаме.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението од Крајбрежната служба, веднаш откако ги сменил знамињата, 35-годишниот побегнал, не ги почитувал наредбите на пристанишните власти, давајќи силен отпор при апсењето и навредувајќи ги надлежните.

Освен што ги навредувал надлежните извикувал дека конкретните области ѝ припаѓаат на Бугарија, а според информациите на медиумите, ова е втор сличен инцидент за уапсениот, кој најверојатно е член на „екстремистичка организација која смета дека Кавала и грчкиот регион источна Македонија ѝ припаѓаат на Бугарија, а не на Грција“.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација