Лука Циндриќ (30), две години пред истекот на договорот, спогодбено се раздели со Барселона. Поранешниот играч на Металург и Вардар, кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт. Со романскиот шампион потпиша тригодишен договор.
Финансиската криза во која се наоѓа фудбалскиот клуб, ова лето ја почуствуваа кошаркарската и ракометната секција на Барселона. Кошаркарскиот клуб, поради големите плати се раздели со Никола Миротиќ и Кори Хигинс, а ракометниот успеа спогодбено да ја прекине соработката со Лука Циндиќ.
Циндриќ, како и што се шпекулираше кариерата ќе ја продолжи во Букурешт кај тренерот Чави Пасквал, кој пред четири години го иницираше неговиот трансфер во Барселона.
Циндриќ ја прифати поканата од Динамо и покрај тоа што клубот не доби посебна покана од ЕХФ за Лигата на шампионите. Динамо Букурешт следната сезона ќе игра во Лига Европа во „групата на смртта“ со бранителот на круната Фуксе Берлин, францускиот Шамбери. и Скаут, шампионот на Босна и Херцеговина.