Утрински Весник
Спорт

За десет години Барса фрли во ветер 500.000.000 евра

За десет години Барса фрли во ветер 500.000.000 евра

Заминувањето на Усман Дембеле е само еден во низата трансфери каде Барселона загуби десетици милиони милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Барселона е позната по тоа што е еден од најтрофејните клубови во светот, но и по лошите финансиски одлуки и лошите проценки, кои особено се изразени во последната деценија. Во последните десет години шпанскиот шампион загуби речиси половина милијарда евра на трансфери, точно пресметано минусот изнесува 482,4 милиони евра.

Најнов финансиски неуспех на тимот од Каталонија е Усман Дембеле. Французинот кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, а Барселона од трансферот ќе добие 50 милиони евра.

Напаѓачот беше донесен во 2017 година за 140 милиони евра. Тоа е третиот најскап трансфер во историјата на фудбалот. Заминувањето на Дембеле ќе биде една од најлошите зделки во историјата на Барселона, бидејќи тие се во минус за дури 90 милиони евра.

Ова не е првпат Барселона да прави фатални грешки. Филипе Кутињо дојде во шпанскиот клуб во јануари 2018 година за неверојатни 135 милиони евра. Бразилецот не се снајде најдобро, па беше испратен на позајмица во Баерн Минхен, а минатото лето замина во Астон Вила. Тој замина во англискиот клуб за 20 милиони евра, додека позајмицата во Баерн изнесуваше осум и пол милиони евра, што е минус од речиси 107 милиони евра.

Дембеле не е првиот Французин кој ги „оштети буџетот“ на Каталонците. Антоан Гризман се претстави добро во Атлетико Мадрид и Барса потроши 120 милиони евра на неговиот трансфер. Но Гризман не се снајде во Барселона. Атлетико прво го позајми, а на крајот го купи за 30 милиони евра, што значи дека Барселона загуби 90 милиони евра.

Миралем Пјаниќ кој дојде за 60 милиони евра беше огромен неуспех и на крајот замина во Обединетите Арапски Емирати бесплатно. Во моментов игра за Ал-Шарјаха. Не треба да се заборават и неуспешните трансфери на Арда Туран, Малком, Алеиш Видал…

Иако Барселона главно имаше огромни финансиски неуспеси, направија и некои добри зделки. Заработија околу 50 милиони на Артур Мело, скоро 18 милиони на Јери Мина, 12,5 на Пјер-Емерик Обамејанг и 11 милиони на Емерсон Ројал, кој во клубот се задржа само 45 дена.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига