Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривична за скопјанец поради загрозување на животната средина со отпад

Кривична  за скопјанец поради загрозување на животната средина со отпад
Img 7972

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ж.М.(62) од Скопје за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 ст.3 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, при извршена контрола на 06.10.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во населба Радишани, Општина Бутел, бил затекнат како неовластено тргува со отпад.

Притоа е утврдено дека тој не е регистриран во Централниот регистар како физичко лице или како трговец поединец и не поседувал Дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува согласно чл. 64 од Законот за управување со отпад.

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник