Утрински Весник
Спорт

Ако не успее со Мората, Рома ќе се обиде да го донесе Арнаутовиќ

Ако не успее со Мората, Рома ќе се обиде да го донесе Арнаутовиќ

Тешката повреда на Тами Ејбрахам (25) ги принуди челниците на Рома да го поминат цело лето во потрага по засилувања во врвот на нападот.

dobivaj vesti na viber

Жозе Мурињо на самиот почеток на летниот пазар како примарно решение го означи Алваро Мората (30), но тој трансфер не е лесно остварлив со оглед на тоа што Атлетико Мадрид за својот напаѓач бара околу 20 милиони евра.

Рома овој трансфер може да го покрие со парите од продажбата на Ибањез во Нотингем Форест.

Проблем е што трансферот треба да го одобри претседателот на клубот Ден Фридкин, бидејќи целата операција околу трансферот на Мората (оштетата+неговата плата) би го чибнела клубот околу 50 милиони евра.

Во меѓувреме, Рома ангажираше уште едно име на листата на желби – Марко Арнаутовиќ. Австриецот со српски корени е поприфатлив од финансиски аспект, но е и четири години постар од Мората.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност