Утрински Весник
Македонија

Потрагата по 29 годишното момче кај браната Глажња ќе продолжи се додека не се најде телото

Потрагата по 29 годишното момче кај браната Глажња ќе продолжи се додека не се најде телото

Потрагата по 29-годишното момче кое што минатата недела исчезна продолжува и денес на вештачкото езеро Глажња. Ова го посочи директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов кој рече дека се пребарува и под вода но и на брегот на езерото, а  со заеднички тимови ќе продолжи се до моментот додека не се најде телото.

dobivaj vesti na viber

Ангелов додаде дека видливоста е слаба, длабочината е голема, а нашите нуркачи нуркаат до 40 метри длабочина.

Директорот на ДЗС( Дирекцијата за заштита и спасување) Беким Максути рече дека денешниот ден и следните два се критични, за да биде потрагата успешна, за да се заокружи една хумана мисија и да им се помогне на граѓаните.

Од Центарот за управување со кризи  претходно објавија дека се работи за маж со иницијали Ф. Р..

Сличен случај имаше пред две недели кога се трагаше по 29-годижен маж, кој исчезна. Несреќниот настан се случи во водите на браната во близина на струмичкото село Дрвош.

Седум дена подоцна беше извлечено безживотното тело на мажот.

Можете да прочитате

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес