Утрински Весник
Свет

Мис на Венецуела почина на 26 години, требаше да ја претставува својата земја на натпреварот

Мис на Венецуела почина на 26 години, требаше да ја претставува својата земја на натпреварот

Манекенката која беше годинешна Мис на Венецуела, Аријана Виеира, загина во јули во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида, дознаваат американските медиуми. Таа имаше само 26 години.

dobivaj vesti na viber

Мајката на Аријана, Вивијан Очоа, се огласи за да каже дека нејзината ќерка заспала додека возела од замор, кога удрила во возилото пред себе.

Брзата помош пристигнала брзо и двапати ја оживеале нејзината ќерка, но таа починала на пат кон болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Valentina (@arianaviera__)

„Ја оживеаја и потоа доби срцев удар. Повторно ја оживеале, но таа починала кога ја однеле на трауматологија“, рекол Очоа, пренесува „The Sun“.

„Мојата девојка заспа, беше уморна“, додала неутешната мајка.

Почина во деновите кога се подготвувала да учествува на модна ревија во Њујорк.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата