Утрински Весник
Македонија

Во Охрид се одржа 44. Илинденски пливачки маратон

Во Охрид се одржа 44. Илинденски пливачки маратон

Во Охрид денес се одржа 44. Илинденски пливачки маратон, каде што за најдобар беше прогласен пливачот Евгениј Поп Ацев, кој на патеката во должина од 2,5 километри од Горица до Охрид, триумфираше со време од 29:02,71 минути.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот, Кирил Пецаков го поздрави настанот, коментирајќи дека станува збор за 44 години традиција достојна за голема почит.

„Нека биде вековит и Илинденскиот маратон и големиот празник Илинден“, порача Пецаков.

Во име на Општина Охрид, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев го означи стартот на маратонот.

Настанот е во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.

Можете да прочитате

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги

Маж нападнат во сопствениот двор од сосетката со дрвен предмет

АА: Нема да дозволиме преку административни одлуки да се укине институционалната застапеност на Албанците