Утрински Весник
Македонија

(Видео) Вучиќ го дочека Пендаровски во Прохор Пчински: „Секогаш сте добредојдени во Србија“

(Видео) Вучиќ го дочека Пендаровски во Прохор Пчински: „Секогаш сте добредојдени во Србија“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија и Северна Македонија веќе немаат никакви отворени прашања и дека постои само желба за подобра и поголема соработка.

dobivaj vesti na viber

По средбата со македонскиот претседател Стево Пендеровски, во манастирот Свети Прохор Пчињски, Вучиќ му се заблагодари на патријархот Порфирио за историската одлука на Српската православна црква, донесена минатата година за признавање на МПЦ.

„Ние Србите ги сакаме Македонците и Северна Македонија, ништо не бараме, ништо не ни треба освен да соработуваме уште подобро и повеќе. Ги немаме овие проблеми кој што и кому кажал или не“, рече Вучиќ.

Тој на Пендеровски му го честита Илинден – државниот празник на Македонија, а на српските православни верници големиот празник Свети Илија

„Ви посакувам среќен празник и секогаш да чувствувате дека сте добредојдени каде било на територијата на Србија, знам дека ја чувствувате како своја земја, како што ние ве чувствуваме како наши браќа и се чувствуваме како дома кога ќе ве посетиме“, рече Вучиќ.

Се наведува дека двајцата лидери ги потврдиле исклучителните односи помеѓу двете држави, а беше споменета и трговската размена која изнесува 1,5 милијарди евра на годишно ниво. Вучиќ најави и поврзување на железниците во двете земји.

Можете да прочитате

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

Утрово голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино – претреси поради финансиски криминал