Утрински Весник
Свет

Зеленски: Војната доаѓа во Русија

Зеленски: Војната доаѓа во Русија

Војната доаѓа во Русија, во нејзините стратешки центри и воени бази, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски, откако беспилотно летало погоди деловен кварт во Москва.

dobivaj vesti na viber

„Војната постепено доаѓа на територијата на Русија, во нејзините културни центри и воени бази и тоа е неизбежен, природен и апсолутно праведен процес“, рече Зеленски.

„Украина станува посилна“, додаде тој.

Русија во неделата наутро објави дека одбила два одделни напади со украински беспилотни летала во текот на ноќта. Целта на едната беше анектираниот полуостров Крим, а на другата Москва.

Во руската престолнина, чиј меѓународен аеродром накратко беше затворен, лесно беа оштетени две канцелариски кули во главниот деловен кварт.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во нападот на Москва учествувале три беспилотни летала, од кои едното било соборено, а останатите две биле „неутрализирани со електронско војување“.

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд