Утрински Весник
Свет

(Видео) Невреме беснее во Хрватска, ветрот урива дрвја, на сила портокалов метео аларм

(Видео) Невреме беснее во Хрватска, ветрот урива дрвја, на сила портокалов метео аларм

Предвиденото невреме придружено со бурни ветрови денеска пристигна во Хрватска, а во Риека ветерот собори неколку дрвја, јавуваат хрватските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во поширокото подрачје на Риека бурниот ветер предизвикува проблеми во сообраќајот, а во Загреб и околината утринава врне дожд, пропратен со грмежи, јавува порталот „Индекс“.

Како што соопшти Дирекцијата за цивилна заштита, во областа Риека имало повеќе пријави од граѓани дека паднале повеќе дрвја. Побарана е интервенција на пожарникарите поради навлегување вода во објект.

Поради обилните врнежи од утрово поплавени се улиците и во Опатија.

Невремето со грмотевици се движи од запад кон исток, објавија метеоролозите, а во Хрватска денеска е на сила портокаловиот метео тревог.

Можете да прочитате

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата

Мекгинти: Има загинати и повредени во пожарот во воената база во Алберта

Израелски доселеници нападнаа европски дипломатски конвој на Западниот Брег