Утрински Весник
Спорт

Челси планира да потроши уште 130 милиони евра на три засилувања

Челси планира да потроши уште 130 милиони евра на три засилувања

Новиот менаџер на Челси, Маурисио Покетино, продолжува да го составува својот тим за новата сезона и има намера да донесе уште засилувања. Според „Фудбал Лондон“, Челси го планира следното големо купување.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Маурисио Покетино има на располагање 130 милиони евра за тројца посакувани играчи.

Најистакнато име на листата е ѕвездата на Ајакс, Мохамед Кудус. Репрезентативецот од Гана го привлече вниманието на себе на мундијалот, а неговата трансферна вредност е околу 40 милиони евра.

Другите двајца играчи се талентираниот играч за врска на Лион, Рајан Черки, и Мајкл Олисе, кој е член на премиерлигашот Кристал Палас.

Челси ова лето остана без дури 14 играчи, а Покетино создава речиси комплетно нов состав.

Можете да прочитате

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ