Утрински Весник
Свет

„Демократијата ќе биде спасена по државниот удар“, вели соборениот претседател на Нигер

„Демократијата ќе биде спасена по државниот удар“, вели соборениот претседател на Нигер

Претседателот на Нигер, кој беше соборен со воен удар, Мохамед Базум, денеска објави статус на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Тешко стекнатите придобивки ќе бидат зачувани и Нигеријците, кои ја сакаат демократијата, ќе се погрижат за тоа“, напиша тој.

Министерот за надворешни работи, Хасуми Масуду, исто така објави на платформата дека ги повикал сите демократи и патриоти да се погрижат оваа опасна авантура да не успее.

Нивните изјави дојдоа откако војниците вчера објавија на националната телевизија дека Базум е соборен и сите државни институции се суспендирани.

Приведувањето на Базум предизвика меѓународна загриженост за нестабилноста во земјата, која е клучен сојузник на западните сили во регионот.

Можете да прочитате

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети

Украински дронови погодија нафтен терминал во Санкт Петербург