Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Уапсен украински агент кој сакал да разнесе руски брод, соопшти Руската безбедносна служба

Уапсен украински агент кој сакал да разнесе руски брод, соопшти Руската безбедносна служба
300x250 opst2

Уапсен е украински агент кој се обидел да разнесе брод на Црноморската флота, соопшти Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува, тој бил фатен со две рачно изработени експлозивни направи.

„Спречен е обид на специјалните служби на Украина да извршат терористички акт на еден од бродовите на Црноморската флота кој носел високопрецизно ракетно оружје“, се наведува во соопштението.

Се посочува дека лицето е припадник на руската морнарица кој наводно бил регрутиран од украинската разузнавачка служба, и осомничен дека на украинската страна и пренел информации кои се државна тајна.

Донесена е одлука за поведување кривична постапка против осомничениот за терористички акт, нелегална трговија со распрскувачки материи, како и за оддавање информации кои претставуваат државна тајна, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас