Утрински Весник
Култура

Дигитализираната изложба „Подемот и падот на Скопје“ од вечерва се прикажува во Кинотеката

Дигитализираната изложба „Подемот и падот на Скопје“ од вечерва се прикажува во Кинотеката

За одбележување на 60-годишнината од трагичниот земјотрес што го опустоши Скопје во 1963 година, во Кинотеката на РС Македонија се одржува дигитализираната изложба на Државниот архив со наслов „Подемот и падот на Скопје“. Изложбата ќе трае три дена почнувајќи од денеска, во 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

dobivaj vesti na viber

Државниот архив на Република Северна Македонија, од своето основање во 1951 година, е посветен на зачувување на нашата историја, култура и традиција. Преку оваа мисија, Архивот успешно одбележа значајни државни јубилеи и историски настани.

Меѓу безбројните архивски материјали поврзани со скопскиот земјотрес во 1963 година, впечатлива е фотодокументацијата на Киро Георгиевски, официјален фотограф на Собранието на Град Скопје во средината на 20 век. Неговата обемна колекција фотографии нуди длабински поглед на настанот и на неговите последици, од првичното уништување до колективните напори за обнова поттикнати од меѓународната солидарност.

Оваа дигитализирана изложба содржи над 300 фотографии и документи, нагласувајќи го значењето на зачуваните архивски материјали во реконструкцијата на историјата. Посетителите ќе бидат сведоци на непосредните последици од земјотресот, на последователниот процес на закрепнување и на реконструкцијата на градот под раководство на градоначалникот Методија Антов.

Придружете ни се во сеќавањето на трансформациските настани што го обликуваа Скопје во градот што го гледаме денес.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“