Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за „Иловица“: Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа се обидуваат со политички лупинг да го решаваат

Мицкоски за „Иловица“: Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа се обидуваат со политички лупинг да го решаваат

Во оваа Влада се махери за да создадат проблем, а потоа да се обидуваат со политички лупинг да го решаваат проблемот, рече лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец коментирајќи ја најавата за изнаоѓање на решение за рудниците „Иловица“.

dobivaj vesti na viber

Според Мицкоски јасни се ставовите на Владата.

„Јасна е позицијата таму. Станува збор за бизнис интереси на оваа Влада пред се тука мислам на поголемиот партнер во Владата, ДУИ. Повторно не можам да разберам зошто СДСМ ги брани бизнис интересите на ДУИ во Струмица, но времето ќе покаже која била вистината“, рече тој.

Мицкоски најави дека ситуцијата во врска со рудниците дополнително ќе се решава од идната влада.

„Дополнително идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимава со овој случај. ВМРО-ДПМНЕ е зад интересот на граѓаните и на Македонија“, кажа Мицкоски.

Можете да прочитате

Брвеница денеска избира градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани

Недела со сончеви периоди и северен ветер, во Скопје до 18 степени

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“