Утрински Весник
Свет

Спасен словенечки државјанин во Црна Гора, останал со скршен чамец на отворено море

Спасен словенечки државјанин во Црна Гора, останал со скршен чамец на отворено море

Тимот на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа (УПСУЛ) во Црна Гора спаси словенечки државјанин на два километри од брегот во Буљарица.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од УПСУЛ, тој пловел со неговиот двометарски чамец, кој бил скршен, па невремето го однело на отворено море.

„И покрај предвидениот северен ветер и предупредувањето да се внимава при испловување, Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа добила повик дека лице со гумен чамец од два метри се расипало на плажата Буљарица и дека го носи силно невреме на отворено море“, соопштија од Управата.

Словенечкиот државјанин бил спасен за помалку од 45 минути.

Во Црна Гора, каде беа забележани огромни бранови, вчера животот го загубија две лица. Поради силниот ветер издадена е препорака до капачите и сопствениците на бродови, да не излегуваат на отворено море бидејќи постои голем ризик.

Можете да прочитате

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина