Утрински Весник
Свет

Била жртва на злоставување, а пред смртта го загубила синот – животната приказна на Шинејд О’Конор

Била жртва на злоставување, а пред смртта го загубила синот – животната приказна на Шинејд О’Конор

Ирската пејачка Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст. Зад себе остави богата музичка кариера, но и тешка животна приказна од детството до последните денови од животот.

dobivaj vesti na viber

Шинејд О’Конор е родена на 8 декември во Даблин. Во текот на растењето доживеала разни видови на малтретирање, за кои јавно зборуваше.

На тринаесетгодишна возраст, имала погрешен медицински третман поради дијагноза на гранично растројство на личноста. Нејзиниот живот го одбележале бројни кризи, борба со менталното здравје, обид за самоубиство и социјално вклучување, така што како јавна личност, иако и самата се борела со тешките психички состојби, во јавноста им помагаше на оние на кои им беше потребна помош и го сврте вниманието кон важни теми.

„Злоупотребата на децата е, што се однесува до мене, е причина за сите проблеми во светот“, изјави еднаш Шинејд и додаде:

„Доколку детето е малтретирано, тоа ќе реагира на различни начини. Јас се повлеков во себе. Не можев да комуницирам со никого, не можев да учам. Можев да читам и пишувам, но тоа не ме интересираше. Не можев да се изразам“, изјави Шинејд О’Конор пред новинарот Боб Гучионе во интервју за магазинот „Спин“.

Како што еднаш истакна пејачката, таа ги надминала тешките животни периоди „живеејќи во земјата на имагинацијата“.

„Преживеав злоупотреба на секој начин што можете да замислите. Мајка ми беше многу несреќна жена и беше многу, многу насилна и тешко се справуваше со животот, поради очигледните искуства што ги имаше како дете. Таа ме тепаше брутално со кој било предмет со кој можете да замислите да ве тепаат. И гладував, бев затворена во соба со денови без храна, без облека. Морав да спијам во градината во дворот. Целото лето го поминав во градината на мојата куќа“, изјави тогаш Шинејд О’Конор, наведувајќи дека низ истото поминувале и тројцата нејзини браќа и една сестра.

Нејзината мајка ја обвинила за разводот со нејзиниот татко. Била охрабрена да краде од продавница и, ако таа и нејзината сестра се вратат дома со украдени пари и работи, тоа би значело дека нема да бидат претепани.

Во 2018 година, Шинејд О’Конор одлучи да ја промени својата религија, кога премина во ислам. Тогаш пред медиумите рече дека го сменила името во Шухад, и дека е горда на својата одлука.

„Сакам да објавам дека сум горда што станав муслиманка. Ова е природен заклучок за секое интелигентно теолошко патување“, напиша тогаш пејачката на Твитер.

Само 18 месеци пред нејзината смрт, Шинејд О’Конор го погреба својот син Шејн, кој почина на 17-годишна возраст.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре