Утрински Весник
Свет

(Видео) Почина пејачката Шинејд О’Конор

(Видео) Почина пејачката Шинејд О’Конор

Ирската пејачка со светска кариера, Шинејд О’Конор почина на 57-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што објави „Ајриш тајмс“, Шинејд има издадено 10 студиски албуми, додека нејзината песна Nothing Compares to You беше прогласена за број еден сингл на Билборд музичките награди во 1990 година.

Претходно оваа година, таа ја доби наградата за ирски албум на RTE Music Awards.

Публиката одговори со овации додека таа ја примаше наградата за нејзиниот втор албум, I Do Not Want What I Haven’t Got, кој го посвети, како што рече тогаш, на „секој член на ирската бегалска заедница“.

„Добредојдени сте во Ирска. Ве сакам многу и ви посакувам среќа“, рече таа.

Нејзиниот син Шејн почина минатата година на 17-годишна возраст.

Можете да прочитате

Претставници на Русиja и Украина денеска во Абу Даби ќе преговараат со посредство на САД

Братот на Орбан меѓу приведените, објави Маѓар; експремиерот обвинува за политичка пресметка

Зграда се запали во Кина, 14 лица загинаа