Утрински Весник
Спорт

Срѓан Ѓоковиќ откри кога Новак ќе се пензионира

Срѓан Ѓоковиќ откри кога Новак ќе се пензионира

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ објави кога неговиот син би можел да ја заврши кариерата.

dobivaj vesti na viber

Таткото на српскиот тенисер истакна дека би сакал неговиот син наскоро да ја заврши кариерата, односно дека одамна требало да престане да се занимава со професионален тенис.

Новак има 36 години и е професионалец од 2003 година. Во 20. годишната кариера освои рекордни 23 Грен слем титули и вкупно 94 АТП трофеи.

„Да, нека некои други помлади играчи го заземат своето место, па да може тој полека… Не дека е крај, туку за година и пол… Тоа е моја желба како татко, односно мислев дека тој требаше одамна да престане да се занимава со оваа исклучително тешка работа. Ова не е спорт, ова е исклучително тешка работа, во секој поглед и физички и психички. Затоа што има уште многу малку живот, затоа што е максимално посветен на оваа работа веќе 30 години и не се откажува ниту за една педа“, изјави Срѓан Ѓоковиќ за српски „Блиц“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина