Утрински Весник
Свет

Пронајдено мртво бебе во ранец: трагедија во Париз

Пронајдено мртво бебе во ранец: трагедија во Париз

Млада мајка е уапсена кога нејзиното новороденче било пронајдено мртво и распарчено во ранец во нејзиниот дом во предградие на Париз.

dobivaj vesti na viber

Оваа 21-годишна жена, чие име не е соопштено, се породила во комуната Стен, во областа Сена-Сен Дени во северните предградија на француската престолнина.

Младата жена, која живее со своите родители, им кажала на своите две другарки дека се породила.

Таа им тврдела на пријателите дека детето е мртво родено и се заканувала дека ќе го распарчи, велат од полицијата.

Полицајците веруваат дека младата жена можеби се породила на 17 јули.

Таа била уапсена во неделата за кривично дело убиство на малолетник кој не наполнил 15 години, пренесуваат медиумите во регионот.

Потоа била пуштена во понеделникот и хоспитализирана во психијатриска установа, а лекарите ја опишале нејзината психичка состојба како кревка.

Француските обвинители наводно рекле дека го нашле новороденото бебе „распарчено во ранец во нејзината соба“.

Властите истражуваат дали таа знаела дека е бремена и дали страдала од состојба наречена негирање бременост, при која жената потсвесно е свесна за својата бременост, но го негира нејзиното постоење.

Полицијата истражува дали нејзините родители знаеле за бременоста или за чедоморството.

Од полицијата соопштија дека истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Ракот сите нè погодува – Бајден се огласи откако му беше дијагностициран рак

Не е само кучката Цеца: Во Костарика фатена мачка што шверцува дрога во затвор

Почина Ивана Ковачевиќ (44), сопруга на основачот и директорот на „EXIT“ Фестивал