Утрински Весник
Македонија

Со нож избол и расекол битолчанец во стомакот, притвор за осомничениот

Возач и сопатничка повредени, со „голфот“ излетале од коловозот

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка. Судот го прифатил предлогот и донел решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско