Утрински Весник
Свет

(Видео+Фото)16-годишно девојче загина во силното невреме во Италија, градот уништи автомобили и згради

(Видео+Фото)16-годишно девојче загина во силното невреме во Италија, градот уништи автомобили и згради

Невреме со град и обилни врнежи ја погоди северна Италија во текот на ноќта. Пожарникарите утринава известија за многу тешка ситуација“во Милано и неговата околина. Тие изјавија дека веќе неколку дена континуирано ја санираат штетата, а сега состојбата дополнително ја влоши последното невреме, пишува „АНСА“.

dobivaj vesti na viber

Службите за итни случаи во Милано соопштија дека добиле повеќе од 200 повици за помош низ градот од 4 часот наутро поради урнати дрвја, поплави и оштетувања на домовите. Остатокот од Ломбардија исто така ги почувствува последиците од невремето. Шеснаесетгодишно девојче загинало кога врз неа паднало дрво додека спиела во шатор во извиднички камп во близина на Бреша.

Ситуацијата беше критична и во другите северни региони. Во Венето 16-годишно момче било удрено од гранка, а седум лица по силните удари од градот со повреди се пренесени во болница.

„Градот уништи покриви, автомобили и згради“, рече гувернерот на Венето, Лука Заја.

„На селата ги уништи посевите, лозјата, овоштарниците и оранжериите. Возовите се прекинати меѓу Бреша и Падова“, додаде тој, заблагодарувајќи им се на службите за итни случаи и повика на економска поддршка за погодените области. Додека јужните и централните италијански региони владеат со екстремни горештини, северот на земјата со денови се соочува со грмотевици.

Премиерката Џорџија Мелони денеска потврди дека е во постојан контакт со министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи во врска со тешката метеоролошка ситуација во Италија.

„Свесни сме за тешката метеоролошка состојба и во постојан контакт сум со министерот Мусумечи. Им благодарам на Цивилната заштита која се мобилизираше од самиот почеток и на Противпожарната бригада за важната работа што ја вршат“, порача таа преку Твитер.

Мусумечи истакна дека Италија минува низ еден од најтешките денови во последните неколку децении. „Во Италија се соочуваме со еден од најкомплексните денови во последниве децении: облаци, торнада, град на север; екстремни горештини и разорни пожари во центарот и југот“, истакна тој.

„Додека тагуваме за трите жртви во овие 24 часа, чувствувам дека морам да им се заблагодарам на пожарникарите, управата за цивилна заштита и волонтерите, полицијата, шумските работници и сите кои се мобилизираа во најтешките ситуации во овие последни неколку часа“, додаде тој.

„Климатските промени бараат секој од нас да се промени. Но, денес ќе се справиме со санирање на штетите. А ги има многу!“, посочи тој.

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа