Утрински Весник
Свет

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под удар на топлотен бран

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под удар на топлотен бран

Бројот на жртвите на шумските пожари во Алжир се искачи на 34, бидејќи северноафриканските земји се погодени од топлотен бран.

dobivaj vesti na viber

МВР соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и десет војници.

Околу 8.000 припадници на цивилната одбрана излегоа на терен да им помогнат на жителите и да ги изгаснат пожарите кои избувнаа во неделата во текот на ноќта. Пожарот кој го носел ветерот ги зафатил населените места, а досега се евакуирани 1.500 луѓе.

Во соседен Тунис, оваа недела избувнаа пожари во западните шумски области во близина на границата со Алжир, додека во некои делови од земјата беа измерени рекордни температури.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба